
Трамп ја повлече црвената линија: „Ако убивате луѓе, ќе платите пеколна цена!“
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за конзервативното радио на Хју Хјуит испрати последно предупредување до иранскиот режим. Додека улиците на иранските градови горат, Трамп се закани со брутална одмазда доколку властите почнат масовно да го ликвидираат народот.
„Ќе ве удриме многу силно“
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Трамп откри дека веќе испратил директна порака до Техеран.
„Им ставив до знаење дека ако почнат да убиваат луѓе, што имаат тенденција да го прават… ние ќе ги удриме многу силно. Им беше кажано, уште посилно отколку што ви зборувам сега, дека ќе мора да платат пеколна цена“, изјави Трамп.
За „стампедото“ и храброста
Иако призна дека има жртви, Трамп (засега) е внимателен, истакнувајќи дека некои смртни случаи можеби се резултат на стампедо, а не на директна полициска егзекуција. Сепак, тој им испрати порака на демонстрантите:
„Вие сте храбри луѓе. Срамота е што ѝ се случи на вашата земја. Треба силно да ја чувствувате слободата.“
Зошто не се среќава со синот на Шахот?
На прашањето дали ќе се сретне со Реза Пахлави, синот на поранешниот ирански шах (чии знамиња се веат на протестите), Трамп тактизираше:
„Делува како фин човек, но не сум сигурен дека е време за тоа. Треба да пуштиме сè да излезе на виделина и да видиме кој ќе се појави како лидер“, заклучи американскиот претседател.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








