Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, беше виден со лисици на рацете. Тој излезе од полициската станица Карпош во полициско комбе.
Бектеши вчера беше на распит во Карпош. Сега ќе биде пренесен во Кочани. Таму ќе биде на распит кај судија на претходна постапка, пренесе Канал 5 телевизија.
Во Кочани е и тим обвинители. Тие вршат увид во причините и одговорните за трагедијата.
Супер Попуст -25%
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Крешник Бектеши е осомничен. Се сомнева дека во неговиот мандат како министер за економија, била издадена лиценца на дискотеката „Пулс“. Дискотеката не ги исполнувала условите. Во пожарот загинаа 59 млади луѓе.


