
Утрово сообраќајот доби „црвено светло“ на Удово–Валандово, а маглата ги замати планинските превои, па денес најпаметно е да се вози со ладна глава и уште поладна брзина.
На патниот правец Удово – Валандово од 05:25 часот е воведена забрана за сообраќај поради излевање на Калковска Река. Сообраќајот се пренасочува на патниот правец село Марвинци – Валандово.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Според информациите на АМСМ, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, каде што видливоста е намалена до 100 метри. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови, а на повисоките места има остатоци од кашест снег, па се препорачува внимателно возење.
На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


