
Најмалку 16 лица загинаа откако ураганот Милтон ја погоди Флорида, потврдија властите за CBS.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Овој катастрофален ураган, кој удри во четвртокот, остави повеќе од 3 милиони жители без електрична енергија. Степенот на штетата сè уште се проценува, но урганот донесе огромни поплави и торнада кои ја оставија Флорида во урнатини.
Милтон ги погоди речиси сите делови од државата, а илјадници војници од Националната гарда се веќе распоредени, поддржани од единици од други држави. Нивната главна задача е да овозможат враќање на струјата преку 50.000 електромонтери кои работат на терен.
Иако се уште се санираат последиците од ураганот Хелена, кој пред само две недели го погоди Тампа и северниот дел на државата, Флорида сега се соочува со нова природна катастрофа. Хелена однесе над 230 животи во шест различни американски држави.
Погледнете како изгледа уништената Флорида по разорниот удар на ураганот од трета категорија.



