во ,

Ужас во Украина: Русија ја уништи мрежата, милиони останаа без греење на -20 степени

Хуманитарна катастрофа: Русија ја исклучи струјата во половина Украина на -20 степени!

Милиони Украинци се соочуваат со смртоносна опасност. По синоќешните жестоки руски напади врз енергетската инфраструктура, два клучни региони – Дњепропетровск и Запорожје – останаа речиси целосно без електрична енергија, и тоа во момент кога температурите паѓаат до минус 20 степени.

„Генераторите се единствен спас“

Супер Попуст -25%

Украинската премиерка Јулија Свириденко предупреди дека ситуацијата е критична.

„Работниците работат во исклучително тешки услови, но доаѓаат снежни врнежи и поларен студ кој дополнително ќе ја влоши состојбата“, изјави таа.

Критично во родниот град на Зеленски

Последиците се страшни:

  • Метрото во Дњепро е целосно во прекин.
  • Во Криви Рог (родниот град на Зеленски), властите ги повикаа граѓаните да се подготват за долготраен мрак.
  • Без сирени за тревога: Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, објави морничава вест – поради прекинот на струја, сирените за воздушна опасност не работат, па граѓаните нема да знаат кога доаѓаат нови ракети.

Болниците засега работат на агрегати, а железницата се префрли на резервни системи.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп бара историски рекордни 1,5 билиони долари за одбрана: „Ќе ја изградиме војската од соништата!“

Белата куќа потврди: Трамп активно преговара за купување на Гренланд, воената опција не е исклучена