
На социјалните мрежи се појавија видеа од Техеран и други ирански градови на кои се гледаат граѓани собрани на улиците по објавите за Али Хамнеи
Според објави на медиуми и корисници онлајн, дел од жителите излегле надвор по веста дека врховниот лидер е убиен. На снимките се гледаат групи луѓе на улица, а во некои градови се слушаат сирени од автомобили.
Техеран
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Караџ
Нема официјална потврда
До овој момент нема официјална и независна потврда од иранските власти за смртта на 86-годишниот лидер. Претходно од Техеран соопштија дека врховниот лидер е жив, додека спротивни тврдења доаѓаат од странски извори.
Ситуацијата останува нејасна и се очекуваат дополнителни информации што би ја разјасниле вистинската состојба.


