
Во 5:49 часот утрово, земјотрес со јачина од 2,2 степени по Рихтеровата скала беше почувствуван во Скопје и околината. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот се наоѓал на 8 километри северозападно од Скопје, на границата меѓу Македонија и Косово, на длабочина од 8 километри.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Ова е втор земјотрес во последните неколку дена кој го потресе скопското подрачје. Пред три дена, земјотрес со слична јачина од два степени беше регистриран со епицентар во Скопје.
Иако утринскиот потрес беше со релативно слаба јачина, доволно ги разбуди скопјани и предизвика загриженост поради зачестените потреси во овој регион.


