во

Филипче со тешки обвинувања: Криминална шема во енергетиката преку Адамовиќ, изведувач е министерката Божиновска

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати серија обвинувања кон власта, тврдејќи дека во енергетскиот сектор се спроведува коруптивна шема преку трговијата со струја, во која се испреплетуваат деловни и политички интереси.

Обвинувања за матни зделки и скриени релации

На денешната прес-конференција, лидерот на опозицијата посочи на наводни сомнителни релации со компанијата „Руднап“, бизнисменот Душан Адамовиќ и министерката за енергетика, Сања Божиновска. Според Филипче, оваа шема вклучува трговија со струја, броила и купопродажни договори, а министерката ја нарече „локален изведувач“ на овие бизнис-интереси.

Супер Попуст -25%

Тој директно го повика премиерот Христијан Мицкоски да ја објасни својата релација со Адамовиќ, истакнувајќи дека постојат фотографии од нивни средби за кои премиерот досега не дал одговор во јавноста.

Распродажба на ресурсите и најава за одговорност

Филипче ја обвини власта за неодговорно располагање со националните ресурси, посочувајќи дека државното богатство се распродава преку давање вода за дата-центри и земја за рудници. Тој порача дека енергетиката е само дел од еден поширок систем на поврзани политички и бизнис интереси, најавувајќи дека опозицијата нема да дозволи тоа да помине неказнето.

„Сè е тоа една голема коруптивна шема со којашто се крадат парите на граѓаните, се осиромашува Македонија, сè во интерес на бизнис-интересите на оваа власт. Не само што ќе има одговорност, ќе вратат пари. Сите, до последен денар, коишто го украле од Буџетот, од иднината на децата и на граѓаните, да знаат дека ќе ги вратат“, дециден беше Филипче.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лична карта и возачка дозвола на мобилен: Од четврток стартува првиот електронски паричник во Македонија

Пример за почит: 18-годишниот Огнен пронајде 4.000 евра во Делчево и ги предаде во полиција