
Детали за запрената испорака на ракетите PAC-3 и PAC-2
Информацијата ја потврдија неколку извори запознаени со ситуацијата, во период кога Украина во повеќе наврати нагласува дека итно ѝ се потребни дополнителни ракети за одбрана од сè поинтензивните руски напади, пренесува Ројтерс.
Според наводите на „Фајненшел тајмс“, станува збор за американски ракети од типот PAC-3, како и за постарата варијанта PAC-2. Дел од залихите се наоѓаат во европски арсенали, а нивната набавка е финансирана од западните сојузници на Киев. Неиспорачаната пратка вклучува ракети-пресретнувачи PAC-3, чиј транспорт беше планиран за периодот од септември до декември, како и околу дваесет ракети од типот PAC-2 кои исто така чекаат одобрување.
Застој и во плановите за украинско производство на пресретнувачи
Весникот наведува и дека во Пентагон е запрен посебен процес кој имал за цел да ѝ овозможи на Украина сама да произведува ракети-пресретнувачи за системот „Патриот“. Портпарол на Пентагон изјавил дека американската политика на поддршка за Украина останува непроменета, но одбил да коментира детали поврзани со оружјето.
За потсетување, минатиот месец САД ја одобрија продажбата на 500 ракети „Патриот“ (тип PAC-3) на Украина во рамки на договор вреден околу 2,1 милијарда долари, но тие испораки не се очекуваат пред почетокот на 2030-тите години.
„Министерството за одбрана покрена неколку паралелни иницијативи со европските партнери и Украина, со цел да се забрза трансатлантската индустриска соработка за системите за противвоздушна и противракетна одбрана ’Патриот‘. Оваа работа продолжува“, изјави претставник на Пентагон за „Фајненшел тајмс“.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден







