во ,

Херои на денот: Деца најдоа злато вредно 26.000 евра и го вратија на златарот

Лекција по чесност од најмладите: Деца пронајдоа торба со злато вредно 26.000 евра и ја вратија

Приказна која ја враќа вербата во луѓето доаѓа од турскиот град Багџилар. Две деца, додека се шетале, забележале торба на земја и кога ја отвориле, сфатиле дека е полна со златен накит. Вкупната вредност на пронајденото богатство се проценува на 1,3 милиони турски лири, односно околу 26.000 евра.

Супер Попуст -25%

Визит-картичката ги одвела до сопственикот

Наместо да го задржат златото, децата покажале неверојатна зрелост. Во торбата пронашле визит-картичка и со помош на локален продавач успеале да го лоцираат сопственикот – локален златар. Пресреќниот сопственик, чија реакција била снимена од безбедносните камери, ги наградил децата за нивниот благороден и чесен гест.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сцени како од Холивуд: Со луксузен џип се заби во крадците за да си го спаси семејството

Најмасовен напад досега: 600 руски дронови го замрачија небото над Украина