
Лекција по чесност од најмладите: Деца пронајдоа торба со злато вредно 26.000 евра и ја вратија
Приказна која ја враќа вербата во луѓето доаѓа од турскиот град Багџилар. Две деца, додека се шетале, забележале торба на земја и кога ја отвориле, сфатиле дека е полна со златен накит. Вкупната вредност на пронајденото богатство се проценува на 1,3 милиони турски лири, односно околу 26.000 евра.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Визит-картичката ги одвела до сопственикот
Наместо да го задржат златото, децата покажале неверојатна зрелост. Во торбата пронашле визит-картичка и со помош на локален продавач успеале да го лоцираат сопственикот – локален златар. Пресреќниот сопственик, чија реакција била снимена од безбедносните камери, ги наградил децата за нивниот благороден и чесен гест.


