во

Црн биланс во „Јанкомир“: 201 пациент починал за три години, директорката поднесе оставка по бруталното убиство на Периш

Трагичната смрт на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш ја шокираше регионалната јавност и отвори Пандорина кутија во психијатриската клиника „Јанкомир“ во Загреб, каде што инспекциите открија фрапантен податок – 201 починат пациент во последните три години.

Брутално убиство на пациент и оставка на директорката

Случајот со Периш кулминираше со оставка на директорката на клиниката, Мајда Грах, откако првичните резултати од инспекцијата открија сериозни пропусти во третманот. Таа претходно итно отпушти четворица медицински техничари кои биле снимени како брутално го малтретираат физички ограничениот (врзан) пациент – гушејќи го со перница, удирајќи го и притискајќи го со колена врз вратот и градите. Отпуштените техничари сега се наоѓаат во притвор во затворот „Реметинец“.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Вознемирувачкото видео од осум минути предизвика лавина реакции. По неговото објавување, почнаа да се јавуваат и други поранешни пациенти кои сведочат за брутален третман во установата. Еден од сведоците тврди дека на видеото препознал техничар кој на сличен начин го гушел во јануари годинава, заканувајќи му се дека ќе го убие ако проговори.

 

Застрашувачка статистика и минати скандали

Клиниката „Јанкомир“ и претходно била поврзувана со тешки контроверзи. Пред директорката Грах, со установата раководел Владимир Грошиќ, кој бил отстранет и уапсен за примање поткуп за местење градежни тендери во болницата, но на почетокот на годинава неверојатно бил вратен на работа како лекар. Исто така, клиниката беше под истрага кога нивен 19-годишен пациент уби седумгодишно дете во училиште во населбата Пречко, иако тогаш не беа утврдени лекарски грешки.

Сепак, најголем шок предизвика статистиката за смртноста која вчера беше презентирана во Градското собрание на Загреб. Споредено со психијатриската клиника „Врапче“, која има речиси двојно повеќе хоспитализации, „Јанкомир“ бележи драстично поголема смртност. На пример, во 2023 година, во „Врапче“ на 12.673 пациенти починале 51, додека во „Јанкомир“ на само 5.350 пациенти имало дури 72 смртни случаи.

„Грах отпушти четворица медицински техничари кои, додека Периш бил врзан (физички ограничен), го задушиле со перница, го удирале и притискале со колена врз неговиот врат и граден кош.“

Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Радев го шири дипломатскиот фронт: Прашањето за Бугарите во Македонија пред Советот на Европа

Исповед на мајка: Го изгубила синот во ТикТок предизвик, па преживеала пекол во клиниката „Јанкомир“