
Јован Вукашиновиќ, ученик во шесто одделение во ООУ „Видое Подгорец“, направи невидено чудо на престижниот меѓународен турнир „Трофеј на Врњачка Бања 2026“ во Србија. Иако во конкуренција на 293 натпреварувачи од 40 држави стартуваше дури од 198-то место, овој струмички бисер го освои златниот трофеј во својата категорија со освоени 5,5 поени. Очевидците велат дека младиот гениј ги влечел потезите потпрен на образот, ладнокрвно, како да решава обично домашно по математика.
Давид против Голијат: Паднаа руски и израелски мајстори
Неговиот пат до врвот е вистинска филмска приказна. Младото момче не покажа ниту ронка страв пред далеку поискусните возрасни противници. Во деветте одиграни кола, Јован успеа да совлада дури четворица играчи со меѓународни титули, оставајќи ја шаховската елита во неверување. Пред неговиот талент паднаа интермајсторите Лео Ледерман од Израел и Павел Ширшов од Русија, како и ФИДЕ-мајсторите Зоран Јовановиќ од Србија и Владимир Волошин од Унгарија.
„Потпрен на образот како да решава домашно по математика, Јован ладнокрвно ги надмудри возрасните и далеку поискусни шаховски мајстори.“
Национална гордост
Овој историски подвиг на струмичкиот шаховски феномен брзо одекна во домашната јавност. Воодушевувањето од брилијантниот ум на младиот Јован не го криеше ниту познатиот шоумен Игор Џамбазов, кој на својот Инстаграм профил го сподели овој огромен успех, оддавајќи му почит на момчето кое ја претстави Македонија во најдобро можно светло.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден







