
Лебот и јајцата поскапуваат, половина плата оди за храна
Според партиското соопштение, новиот ценовен шок носи поскапување на лебот за 2 до 4 денари, додека цената на јајцата скока за 5 до 7 денари. Од Левица алармираат дека овој удар доаѓа во време кога граѓаните веќе едвај врзуваат крај со крај. Како поразителен факт се посочува податокот од 2024 година, според кој македонските домаќинства трошат дури 51% од своите приходи исклучиво за храна, наспроти европскиот просек кој изнесува само 14,3%.
Партијата директно ги обвинува ДПМНЕ и СДСМ дека во изминатите 35 години, поради нивното коруптивно и несистемско владеење, целосно го уништиле домашното производство на храна. Тие тврдат дека олигархиските структури ги исцрпуваат производителите со цел трупање на приватно богатство, оставајќи ја државата без стабилен прехранбен систем поради што луѓето се принудени да ги купуваат само најевтините намирници.
Итно ограничување на маржите пред тешката зима
Од Левица предупредуваат дека Владата непромислено ги троши парите на непотребни проекти, наместо да планира капитални инвестиции кои би донеле долгорочна стабилизација на пазарот. Тие алармираат дека ваквите поскапувања дополнително ќе ја вивнат потрошувачката кошничка која веќе одамна е недостижна за просечниот граѓанин.
Како итно решение, партијата бара Владата веднаш да ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи за претстојниот зимски период, за да се спречи военото профитерство врз грбот на сиромашните. Како долгорочна мерка се предлага масовна изградба на земјоделска инфраструктура и здружување на земјоделците во задруги.
„Граѓаните не можат да чекаат со месеци додека Владата размислува за решенија – тие денес се соочуваат со сè поскапа храна и сè помалку можности да ги задоволат основните потреби. Првиот чекор мора да биде веднаш: заштита на граѓаните од ценовниот удар!“, апелираат од Левица.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден







