
Александар Темелков, пејач од Велес, кој својата популарност ја стекна токму во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, доживеа големо разочарување за време на еден од своите настапи.
Младиот велешанец, кој со години се натпреваруваше во шоуто уште од својата 15-та година, остана шокиран кога по неговата изведба не доби ниту еден глас од членовите на жирито.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Темелков првично помислил дека станува збор за шега, но кога сфатил дека жирито навистина не му дало ниту еден глас, тој одлучи веднаш да го напушти шоуто.

Овој негов потег беше проследен со силна поддршка од страна на публиката, која беше изненадена од ваквата реакција на жирито, особено имајќи предвид дека Темелков беше дел од „Ѕвездите на Гранд“ уште од рана возраст.

Иако оваа драма остана запаметена во историјата на шоуто, Александар Темелков по своето учество продолжи активно да се занимава со музика и издаде неколку успешни песни.
Тој остави свој белег во шоуто и со една друга незаборавна сцена кога ја подигна на сцена една од членките на жирито, познатата пејачка Јелена Карлеуша.
Видеото од моментот кога Темелков го напушта шоуто и сцената со Јелена Карлеуша сè уште се споделуваат на социјалните мрежи, потсетувајќи на еден од најконтроверзните моменти во популарното музичко натпреварување.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден








