
Лошото време што ја погоди Албанија изминативе денови остави видливи последици и на брегот во Саранда, каде Јонското Море, познато по својата кристално сина боја, сега изгледа непрепознатливо.
На снимките кои кружат на социјалните мрежи се гледа дека морето попримило тмурна, кафеава боја. Причината за оваа загрижувачка појава се обилните врнежи и бурите, кои донеле разни наноси и кал во водата, драстично менувајќи го изгледот на крајбрежјето.
Една жртва и поплави во руралните региони
Přivalové deště 🌧️🌧️ změnily barvu moře v Sarandě z modré 🔵do hnědé🟤 pic.twitter.com/UbDM1xENwr
— Čech ❤️ Albánii 🇨🇿🇦🇱 (@doalbanie) November 21, 2025
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Невремето во Албанија веќе однесе една жртва. Полицијата соопшти дека телото на 76-годишна жена е пронајдено во поплавената општина Девол откако водата се повлекла. Најголеми штети има во руралните региони на југот, а во селото Душар 30 семејства се отсечени од светот поради непроодните патишта.
Реките Вјоса и Семан се излеаја, а во регионот Лежа под вода се околу 220 хектари земјиште. Властите стравуваат од влошување на состојбата бидејќи се најавени нови врнежи.


