
Албанија се подготвува за мигрантски бран: Ќе се отворат 20 нови прифатни центри во три стратешки региони
Албанската Влада официјално го активираше „Националниот план за непредвидени ситуации за мешани миграциски текови“ за периодот 2026-2028 година. Овој стратешки потег, донесен по предлог на министерот за внатрешни работи, има за цел да ја подготви земјата за очекуваното зголемување на бројот на мигранти кои транзитираат низ Балканот. Планот предвидува отворање на дури 20 нови прифатни центри, кои нема да бидат концентрирани на едно место, туку дисперзирани според логиката на миграциските рути.
Стратешка локација: Југот на удар, Балканската рута останува активна
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Новите центри ќе бидат лоцирани главно во југоисточните и јужните гранични региони – поточно во Корча, Ѓирокастро и Валона. Оваа географска распределба не е случајна; таа ги покрива главните влезни точки од Грција. Фокусот е ставен на мигранти од кризните жаришта како Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и Газа. Според документот, Албанија (заедно со Србија) е клучна алка во синџирот: Турција -> Грција -> Албанија -> Србија -> Централна Европа.
Италијанскиот договор „на чекање“, но Мелони не се откажува
Додека се планираат новите 20 центри, постоечките капацитети во Шнѓин и Ѓадр (изградени врз основа на контроверзниот договор со Италија) сè уште не функционираат поради правни пречки од судот во Рим. Сепак, италијанската премиерка Џорџа Мелони најавува дека тие наскоро ќе бидат оперативни. Новиот албански план, сепак, е поширок од овој билатерален договор и вклучува мобилизација на министерствата за здравство, образование и цивилна заштита за да се обезбеди хуман третман, храна и психосоцијална поддршка за мигрантите.


