во ,

Артан Груби уапсен на Блаце по меѓународна потерница

МВР потврди: Уапсен поранешниот вицепремиер Артан Груби на ГП „Блаце“

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби утринава е лишен од слобода на граничниот премин „Блаце“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Апсењето се случило во 06:10 часот при влез во државата, по распишана меѓународна потерница.

Истрага за злоупотреба на службена положба

Супер Попуст -25%

Според соопштението од МВР, Груби се барал за истрага за сторено кривично дело по член 354 од Кривичниот законик. Предметот се однесува на наводна злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија.

Во истрагата осомничен е и Перпарим Бајрами, а според информациите, случајот се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.

Следуваат понатамошни постапки

Надлежните институции најавуваат дека ќе следуваат дополнителни процесни дејствија во рамки на истрагата. Повеќе детали се очекуваат по завршување на првичните активности на обвинителството и судските органи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп 23 февруари: Замор, недоумици и емотивни сигнали

Ел Менчо ликвидиран во воена операција во Халиско