
АХВ потсетува дека микрочипирањето не е „препорака“, туку законска обврска што го штити и миленикот и сопственикот
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на кучиња да направат микрочипирање и регистрација во системот, по што се издава и пасош за миленикот. Постапката е еднократна, а чипот останува кај кучето до крајот на животот.
Микрочипот ја потврдува сопственоста, помага за побрза здравствена заштита и ја зголемува безбедноста, особено кога станува збор за контрола на заразни болести. АХВ потсетува и дека сопствениците мора да пријават промена на податоци, како и угинување, губење или купопродажба на животното, за да се ажурира базата.
Целта е трајна идентификација, помалку напуштања, подобра контрола на размножување и полесно пронаоѓање при губење или кражба.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден







