
На социјалните мрежи се појави нова мапа на Европа која го прикажува ризикот од земјотреси, а според неа, Балканот „свети“ во црвено.
Мапата, објавена на страницата „Lingue Maps“, го дели Стариот континент во три зони: висок ризик (црвено), средно-низок ризик (портокалово) и многу низок ризик (зелено). Според прикажаното, најголемиот дел од Балканот, вклучувајќи ги Македонија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Албанија, Грција и западниот дел на Турција, е означен со највисок степен на опасност.
Северот е безбеден, Италија во црвено
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден

Спротивно на тоа, западна и северна Европа (Ирска, Велика Британија, Скандинавија, балтичките земји и Полска) се прикажани како речиси целосно безбедни, во темнозелена боја. Шпанија, Франција и Австрија се во портокаловата зона (среден ризик), додека Италија, слично како и Балканот, е речиси целосно обоена во црвено.
Авторите напоменуваат дека ова е визуелен приказ и дека некои региони можеби се непрецизно обоени поради неправилните форми на раседите, па податоците треба да се толкуваат со внимателност и да се консултираат повеќе извори.


