во ,

Бред Пит на романтичен одмор во Франција со 27-годишна убавица

Бред Пит отиде на одмор со драстично помладата девојка, која личи на Џоли, на романтичниот имот на југот од Франција кој го купи заедно со Анџелина Џоли и на кој се венчаа.

Бред Пит е фотографиран на аеродром во Франција по слетувањето со 27-годишниот германски модел Никол Потуралски, за која многумина велат дека наликува на Анџелина Џоли.

56-годишниот актер пристигнал со приватен џет и се верува дека ќе престојува во Château Miraval, имот кој го купи за 67 милиони долари во 2011 година со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Реклама

Со маска на лицето и шапка на главата, Бред Пит изгледаше стилски, подготвен да мине романтичен одмор на југот од Франција со Никол.

Очевидец изјави дека Никол била вистинска убавица и очигледно драстично помлада од Бред Пит, но двајцата се однесувале како вљубени тинејџери.

Инаку, на луксузниот имот на југот од Франција Бред и Анџелина стапија во брак во 2014 година, одеа на заеднички одмори, а имотот има 35 соби и во него вложени се милиони за реновирање.

Никол која обожава да патува по светот се верува дека живее во Берлин. Таа веќе 10 години чекори по модните писти, говори 5 јазици и е омилен модел на многу дизајнери.

Уште на 13 години била забележана поради својата убавина и оттогаш гради успешна модна кариера и краси многу насловни страници.

Талентирана и убава, основала и организација посветена за помош на ајкулите.

Има едно дете и на својот Инстаграм профил постојано гордо објавува фотографии од синот Емил.

Фотки од парот направени при слетувањето во Франција + фотографии од Никол:


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 Детски цртежи пресоздадени во уникатни уметнички дела од професионални уметници

Како Меколи Калкин пронајде среќа на 40 години, по борбата со зависноста и злоупотребите?