во ,

Бeсплатен пристап до премиум услугите на JetMinds македонската платформа за учење математика

Имајќи ги во предвид негативните консеквенци од здравствената криза и неможноста на учениците да следат нормална настава поради мерките за заштита од COVID-19 вирусот, нашиот тим ја отвори платформата JetMinds целосно бесплатно сè додека траат мерките.

Се надеваме дека со ова ќе придонесеме до рецудирање на негативните ефекти од епидемијата.

Срдечен поздрав,
Тимот на JetMinds

За JetMinds

• JetMinds е прва македонска интернет платформа каде учениците од основните и средни училишта можат да учат онлајн, материја направена од врвни инструктори и на македонски јазик, која ја прати официјалната програма на државата;

Реклама

• Платформата е достапна на следниот линк: jetminds.org ;

• JetMinds е нов продукт кој беше лансиран во декември 2019 година;

• JetMinds во моментот нуди материја по математика, но наскоро ќе биде проширена материјата и со други предмети (физика, хемија, биологија, итн);

• Платформата JetMinds е развиена од страна на Сигмоид ДОО – IT компанија специјализирана во областа на Data Science;

• Тимот позади JetMinds брои повеќе од 20тина високо-квалификувани луѓе вклучително доктори на науки, магистри и кадри со повеќе од децениско работно искуство;

• Продуктот е развиен со комбинација од сопствени средства и инвестиција од страна на Фондот за иновации и технолошки развој;

Технички карактеристики

• JetMinds нуди видео лекции кои ги прикажуваат проблемите од училиште на илустративен начин, со примери од секојдневието, кој секој може да ги разбере;

• Платформата нуди огромен број на задачи, достапни за секоја тема и прикажани низ повеќе нивоа, со крајна цел да се осигура усовршување на тековната материја пред изучување на нови материјали;

• JetMinds нуди детална аналитика за родителите, каде прецизно и транспарентно може да се прати колку ученикот учел редовно, колку од материјата ја познава и како се споредува по различни параметри со други деца на негова/нејзина возраст;

• Платформата препорачува теми кои ученикот треба да ги совлада, а се собрале како пропуст во знаењето. Препораките ги прави со помош на применета вештачка интелигенција или т.н. машинско учење;

• Платформата е оптимизирана за користење на десктоп или лаптоп компјутер, иако не постои директна пречка за нејзино користење на мобилен телефон.

https://www.facebook.com/jetminds1/videos/187491859125665/


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

21 Фотографии од крави што седат како кучиња

40+ Креативни постери што Венко Филипче ги сподели, а кои укажуваат да се почитуваат мерките за заштита од коронавирус