во ,

Владата доби осум нови министри: Еве кој ги презема клучните ресори

Владата на премиерот Христијан Мицкоски доби осум нови министри по реконструкцијата изгласана во Собранието. Новите кадри преземаат важни ресори во правосудството, здравството, земјоделството, културата и социјалната политика.

Шасивари го презема Министерството за правда

За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари од ВЛЕН. Тој ќе раководи со еден од најчувствителните ресори, во период кога јавноста очекува конкретни промени и поголема доверба во правосудниот систем.

Супер Попуст -25%

Од редовите на ВЛЕН доаѓаат уште двајца министри. Агон Ферати е избран за министер за односи меѓу заедниците, додека Седат Сулејмани ќе го предводи Министерството за култура и туризам.

Нови раководители во здравството и социјалната политика

Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за нов министер за здравство. Ѓоко Велковски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, ќе раководи со Министерството за социјална политика, демографија и млади.

За министер без ресор е избран Ерџан Демир, кој исто така доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ЗНАМ го доби ресорот земјоделство

Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ е нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој го презема ресорот во период на големи очекувања од земјоделците и бројни предизвици поврзани со производството, откупот и управувањето со водните ресурси.

Стоиљковиќ се сели во локалната самоуправа

Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија е избран за министер за локална самоуправа. Со тоа, тој добива нова позиција во реконструираниот владин состав.

Премиерот Мицкоски по тензичните случувања во Собранието им се извини на пратениците. Тој изрази надеж дека слични ситуации повеќе нема да се повторат во законодавниот дом.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нафтата скокна на четиринеделен максимум: Најавата на Трамп ги потресе пазарите

Пилот со неверојатен маневар испиша „Досадно ми е“ над Британија