
Студентска картичка со 20 отсто попуст, која ќе може да се користи во текот на целата година, веќе е во фаза на подготовка, информира ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение до јавноста.
Според најавите од партијата, новата картичка ќе биде дигитално достапна преку апликацијата „М-услуги“, а во нејзината подготовка координирано учествуваат Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии.
Паралелно се развива и посебна дигитална картичка за младите
Покрај студентската картичка, Министерството за социјална политика, демографија и млади паралелно работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка наменета за младите.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека овие иницијативи се дел од поширокиот пакет мерки насочени кон подобрување на условите за живот и студирање, како и проширување на можностите за студентите и младите во државата.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден







