во

Масовен украински напад со дронови врз Русија: Москва тврди дека се соборени повеќе од 1.000 беспилотни летала

Повеќе од десетина руски региони, вклучително и Москва, беа цел на нов масовен ноќен напад со украински беспилотни летала, при што руските власти тврдат дека нивните сили собориле повеќе од 1.000 дронови!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Повеќе од десетина руски региони, меѓу кои и главниот град Москва, беа цел на украински беспилотни летала во уште еден интензивен ноќен напад. Русија денеска соопшти дека нејзините противвоздушни сили собориле повеќе од илјада летала, пренесе „Еуроњуз“ (Euronews).

Овој нов воздушен бран следува само еден ден откако официјална Москва објави дека уништила повеќе од 1.200 украински беспилотни летала. Стотици дронови во последниот напад биле насочени директно кон московскиот регион, додека украинските сили паралелно нападнале уште десетина други области низ земјата.

Собјанин: Над 500 дронови во пошироката област на Москва, 105 уништени на самиот приод

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека повеќе од 500 беспилотни летала навлегле и летале во пошироката област на рускиот главен град.

„Повеќето од нив беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана на далечните приоди. Вкупно 105 беспилотни летала беа уништени на самиот приод кон Москва“, напиша Собјанин во својата објава на социјалната платформа „X“.

Зачестени воздушни напади на прагот на петтата година од војната

Двете завојувани страни значително ги зачестија меѓусебните воздушни напади во последните месеци, во период кога војната веќе навлегува во својата петта година.

Иако меѓу Москва и Киев редовно се спроведуваат размени на воени затвореници, дипломатските напори за ставање крај на најтешкиот воен конфликт на европско тло по Втората светска војна сè уште не доведоа до конкретен мировен договор.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Левица алармира: Онколошките пациенти цела недела се враќаат без терапија, недостигаат таксол, анастрозол и гентамицин

Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст: Ќе може да се користи во текот на целата година