
Судски инсталации со име и презиме
Владејачката партија излезе со директни обвинувања за конкретни личности во правосудството, кои, според нив, се партиски инсталации бирани директно во штабовите во Струмица и Зајас. Како пример ја посочуваат поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, која претходно била член на партиска комисија на СДСМ.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
На листата на партизирани кадри ВМРО-ДПМНЕ ги додава и судијката Добрила Кацарска, како и обвинителката Вилма Русковска. Кацарска, според партијата, како награда за изречените 211 години затвор за случајот „27 април“ била инсталирана во Уставниот суд, каде сега грчевито се бори против зголемувањето на пензиите. Во истата „екипа“ е сместен и Наќе Георгиев, кој за време на претходната власт вртоглаво напредуваше до Врховниот суд.
Заштита за Венко Филипче и модуларните болници
Ваквата класична партизација на правосудството, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, не работи во интерес на правдата, туку исклучиво за заштита на елитата блиска до претходната власт. Најнов доказ за тоа, велат тие, е спасот од кривична одговорност за поранешниот министер за здравство.
„Овие лица со години напредуваа во кариерите, извршуваа дел од највисоките позиции во правосудството, за сметка денес да бидат заштитени поединци и моќници блиски до СДС и ДУИ, како што е и еден од последните случаи на затворање на истрагата на модуларните болници и спасот од кривична одговорност на Венко Филипче.“
„Поголем доказ од ова дека правосудните инсталации на СДС и на ДУИ имаат име и презиме, нема“, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи дека е време да се стави крај на ваквото заробено судство и законот конечно да важи еднакво за сите граѓани во Македонија.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден








