
Според официјалното соопштение од партијата, опозицијата намерно креира хистерија, шири лаги и ги заплашува граѓаните за да го саботира развојот на домашната ИТ индустрија и најавената изградба на нови дата центри. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека аргументите на СДСМ – оти овие центри ќе предизвикаат енормна потрошувачка на електрична енергија, поскапување на струјата и загрозување на резервите со вода за пиење – се целосно идентични со пропагандните тези што ги шират кинески ботови на социјалните мрежи во САД.
Кинеска пропаганда, дата центри и „марихуана економија“
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Владејачката партија тврди дека примарната цел на кинеската кампања во Америка е да се спречи дополнителниот развој на вештачката интелигенција поради глобалната конкуренција, но прашуваат кој е вистинскиот интерес на СДСМ да ја применува истата стратегија во Македонија. Преку соопштението, ВМРО-ДПМНЕ директно прашува дали опозицијата претпочита влез на кинески компании наместо напредни американски корпорации, потсетувајќи на нивното седумгодишно владеење кое го карактеризираат како период на „марихуана економија“, асоцирајќи на 70-те доделени лиценци за производство на канабис за луѓе блиски до партиските кланови.
На крајот, од партијата децидно заклучуваат дека економскиот напредок на Македонија мора да се базира на отворање висококвалитетни и добро платени работни места преку стратешки инвестиции во ИТ секторот и вештачката интелигенција, бидејќи тоа е насоката во која се движи современиот свет.
„На нас не ни требаат кинески ботови, за тоа го имаме талогот на СДС на чело со Венко Филипче кои се на иста линија со Кина, против нашиот стратешки партнер САД и против развојот на нашата држава.“


