
Здравствената криза со водата во Гостивар продолжува да ги држи граѓаните во неизвесност, откако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека водата од градскиот водовод сè уште не е безбедна за пиење и дека засега останува наменета само за техничка употреба. По состанокот на Главниот штаб за управување со кризи, тој најави дека во наредниот период ќе следат зајакнати контроли на квалитетот на водата од страна на повеќе надлежни институции, со цел што побрзо да се стабилизира состојбата.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Министерот беше јасен во однос на условот што мора да биде исполнет пред водата повторно да се прогласи за безбедна, објаснувајќи дека тек по три последователни резултати кои ќе покажат исправна вода за пиење на сите мерни точки во градот, на граѓаните ќе им биде соопштено дека водата може да се користи и за пиење, а не само како техничка. До тогаш, дистрибуцијата на флаширана вода продолжува, а според Тошковски, преку Владата досега се доставени околу 580.000 литри.
Пронајдени бактерии и почести мерења
Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство и инспекциските служби ќе го зголемат континуитетот на мерењата на квалитетот на водата, а Тошковски ги повика граѓаните максимално да ја испуштаат водата од чешмите за да се забрза прочистувањето на цевководите, при што во моментов се спроведува и хиперхлорирање до максимално дозволеното законско ниво. На прес-конференцијата беше соопштено дека во одреден број примероци е констатирано присуство на бактеријата „Proteus mirabilis“, која според надлежните најчесто се појавува во биофилмови во водоводните системи како последица на стоење на водата и намалена употреба во претходниот период.
„Штом ќе имаме три последователни резултати кои ќе покажат исправна вода за пиење на сите мерни точки во градот, тогаш на граѓаните ќе им соопштиме дека водата може да се користи и за пиење“, изјави Тошковски.
Претходно, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, посочи дека водата во Гостивар е микробиолошки неисправна и штетна за консумирање поради присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Од Министерството за здравство, пак, информираа дека епидемиолошката состојба континуирано се следи, наведувајќи дека
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








