во

Воден хаос во Тетово – дворовите поплавени по обилните дождови

Силниот и интензивен дожд кој ја зафати Општина Тетово предизвика вистински хаос, зголемувајќи го бројот на повици до пожарникарите од граѓани кои се соочуваат со поплави и потреба од итна интервенција.

Супер Попуст -25%

Еден од најдраматичните моменти се случи во Желино, каде комби возило останало заглавено во поплавен дел од патот кај подвозникот во правец кон Сиричино. Со неверојатна брзина и координација, четворица пожарникари пристигнале на местото на настанот и успеале со помош на јаже и нивното возило да го извлечат заглавеното комбе од водената стапица. Навистина херојски подвиг на тетовските пожарникари!

Полицијата исто така беше на терен и го пренасочуваше сообраќајот кај булеварот „Благоја Тоска“ на последниот кружен тек кај касарната, каде што повторно, како и многупати досега, коловозните ленти беа поплавени. Во моментов, комуналното претпријатие е на терен и работи на санација.

Командирот на противпожарната единица во Тетово, Авни Амети, изјави дека тимовите моментално се во акција на повеќе локации, вклучувајќи ги Мала и Голема Речица, каде што активно се испумпува вода од куќи, дворови и подруми. Само пред две недели, на 20-ти септември, силниот дожд предизвика слична ситуација, со делумно поплавување на улици и домови.

Тетовските пожарникари уште еднаш покажаа дека се подготвени да се соочат со предизвиците, дури и во најтешките моменти, обезбедувајќи брза и ефикасна помош на граѓаните.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Здравко Чолиќ донираше помош за жртвите од поплавите во БиХ: Легендата уште еднаш покажа големо срце

Последниот концерт на Тоше Проески – Емотивна вечер во Скопје за добрина и надеж