во

ГОЛЕМ ПОЛИЦИСКИ УДАР: Разбиена меѓународна криминална мрежа, запленети 300 килограми марихуана!

Во координирана меѓународна полициска операција спроведена на територијата на Македонија, Косово и Грција, успешно е разбиена голема криминална група осомничена за трговија со наркотични средства.

Во досегашниот тек на оваа опсежна акција се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана. Од македонска страна во операцијата учествувале припадници на Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во тесна координација со мешовити полициски тимови од Косово и Грција.

Долготрајна истрага и следење

Супер Попуст -25%

Истражувањето било спроведувано под раководство на надлежните обвинители од трите земји, а акцијата е резултат на подолготрајна соработка, размена на оперативни информации и координација меѓу полициските и правосудните институции. Со заедничките активности претходно биле детално следени дејствувањата на криминалната група.

„Во рамки на досегашната операција се приведени повеќе лица за кои постои сомнение дека биле дел од меѓународната криминална мрежа. Покрај тоа, запленети се околу 300 килограми марихуана, која, според досегашните сознанија, била наменета за нелегална трговија.“

Акцијата продолжува, се бараат уште соработници

Акцијата на терен сè уште трае. Истражните дејствија продолжуваат во Македонија и Косово, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот, како и на откривање на евентуални други лица поврзани со нејзиното дејствување.

Бидејќи истрагата е во тек, надлежните засега не соопштуваат повеќе детали за точниот број на осомничените и за останатите преземени мерки. Од институциите уште еднаш посочија дека меѓународната соработка е од клучно значење во борбата против организираниот криминал, имајќи предвид дека криминалните мрежи најчесто дејствуваат преку границите.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВО ВТОРНИК ЌЕ СЕ ПРСКА ВО СКОПЈЕ: Градските власти најавија терестрична дезинсекција против комарци!

СДСМ СО ОСТРИ КРИТИКИ: Наместо одговорност за фекалната вода во Гостивар, гледаме ПР спектакл со здравици!