во ,

Го пратила сопругот по хигиенски влошки, она што го купил насмеало милиони: „Сега ништо не ми е јасно“

Девојка по име Џенифер Сциглија од Алјаска објавила видео на кое се гледа зо што се вратил дома нејзиниот сопруг Тони, откако го испратила во маркет да ѝ купи влошки со крилца.

„Кога ќе го замолите сопругот да ви донесе влошки од продавница“, напишала таа покрај видеото во кое покажала како нејзиниот сопруг ѝ носи пакет влошки и две порции пржени пилешки крилца.

„Не разбирам, збунет сум, па буквално ти донесов. Еве ги вошките, тука се и крилцата. Ништо сега не ми е јасно“, рекол тој со збунет израз на лицето.

Видеото станало вирално и собрало повеќе од 36 милиони прегледи и 4,4 милиони лајкови.

„Донел влошки, а донел и крилца“, „Толку е возбуден што донел влошки со крилца“, „Немој да се расправаш со него“, биле само дел од коментарите, а парот собрал бројни симпатии на социјалните мрежи.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Славната пејачка на која животот ѝ удрил шлаканица од сите страни…

Јас сум македонски пензионер. Цел живот работев, се мачев и сега останав сам. Утре е голем празник…