
Груевски со тешки обвинувања: „Заев тера бизнис со Русија додека глуми про-западњак, а Филипче ја крие вистината за златната виза во Дубаи“
Поранешниот премиер Никола Груевски, преку опширен статус на Фејсбук, упати серија сериозни обвинувања на адреса на Зоран Заев и Венко Филипче, разоткривајќи наводно лицемерие и двојни стандарди. Груевски тврди дека Заев, кој јавно се декларира како про-европски и анти-руски политичар, всушност е „бизнисмен кој ја финансира војната во Украина, но не Украина“. Според Груевски, фирми на Заев секој месец вршат трговија со руско железо и челик во вредност од стотици милиони рубљи, профитирајќи од пониските цени предизвикани од западните санкции кои тој декларативно ги поддржува.
Златна виза како инвеститор, а не како лекар?
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден

Груевски го предизвика и Венко Филипче да ја докаже својата приказна за „златната виза“ во Дубаи. Тој тврди дека Филипче не ја добил визата како лекар-печалбар, туку како инвеститор кој вложил најмалку 550.000 американски долари во ОАЕ – сума која, според Груевски, е невозможно да се заработи од лекарска плата во Македонија. „Молкот е потврда дека лаже“, напиша Груевски, потсетувајќи и на аферата со кинеските вакцини за време на ковид-кризата, каде, според него, Филипче и Заев се обиделе да профитираат преку приватна фирма наместо да ги набават вакцините директно како држава.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден








