во ,

Де бре Перо, за едно пиво ли ќе плачеш сега?

Седел Перо тажен во едно кафуле, пред него на масата кригла пиво. Влегол Блажо, седнал до Перо и му го испил пивото. Перо почнал да плаче, па Блажо го прашал:

– Де бре Перо, за едно пиво ли ќе плачеш сега?

Перо одговорил:

– Ма цел ден ми е катастрофа. Ништо не ми оди од рака.

Се загрижил Блажо за пријателот па го прашал:

– Па дај кажи ми што ти се случило, може ќе ти помогнам.

Па Перо почнал:

– Си дојдов дома од ноќна смена, а жена ми со друг во кревет.

– Попладнето ми се јавија од работа да ми кажат дека сум отпуштен и дека не морам веќе да одам на работа, а жена ми во меѓувреме ги испразнила сметките и си
побегнала со другиот.

– Ми дојде да се убијам, па земав јаже да се обесам, кога ми се скина на пола.

– Кога пробав со пиштол, ми се заглави куршумот во цевката, а возот заглавил во снегот па не можев ни да се фрлам под него.

– И сега, од последните пари си купив отров, нарачав пиво и го ставив внатре, а ти ми го испи!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кога ќе речам ‘Сакам кафе’, значи сакам кафе…

Шефе, слушнав дека ако одите на Месечината и го вратите часовникот назад, можете да се подмладите…