
Идентификуван напаѓачот од Вашингтон: Авганистанец кој добил азил пред само три месеци ги уби војниците на Националната гарда
Американските власти потврдија дека напаѓачот кој во средата застрела двајца припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа е 29-годишниот Рахманула Лаканвал, државјанин на Авганистан. Тој влегол во САД во 2021 година преку програмата „Операција Добредојде на сојузниците“, а добил азил на 23 април 2025 година, за време на мандатот на Трамп.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Нападот, кој полицијата го опиша како „целен“, се случил во 14:15 часот. Лаканвал, кој немал криминално досие, бил ранет и уапсен на лице место, но двајцата војници им подлегнале на повредите.
Трамп нареди итна ревизија и стопирање на апликациите
Претседателот Доналд Трамп го осуди нападот како „чин на зло и терор“ и веднаш нареди повторна проверка на сите Авганистанци кои пристигнале во САД во времето на Џо Бајден. Како директна последица, Службата за имиграција ја суспендираше обработката на сите апликации поврзани со авганистански државјани. Во Вашингтон се распоредени дополнителни 500 војници за засилување на безбедноста.


