во ,

ЕКСПЛОЗИИ ВО ЕРБИЛ: Американска база под напад

Низа експлозии одекнале во американска воена база во Ербил, по што над комплексот се издигнал густ чад

Според локални извори, детонациите го потресле поширокото подрачје на северен Ирак, а првичните информации укажуваат на можен воздушен напад врз воени цели во рамки на базата. Веста ја пренесоа повеќе регионални медиуми.

Шиитска група презеде одговорност

Супер Попуст -25%

Одговорноста за нападот ја презела ирачката шиитска група Seraya Evliya ed-Dem, која во соопштение навела дека нападнала американски воени инсталации со беспилотно летало.

По инцидентот, над Ербил била забележана засилена активност на хеликоптери и дронови на меѓународната коалиција, додека безбедносните сили вовеле дополнителни мерки околу базата.

Засега нема официјални податоци за евентуални жртви или обемот на материјалната штета. Претставници на коалицијата сè уште не излегле со детали, а ситуацијата во регионот останува напната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НОВ УДАР ВРЗ ВРВОТ НА ИРАН: Убиен шефот на полициското разузнавање

НАПАД ВО БЛИЗИНА НА ОМАН: Погоден нафтен танкер, има ранети