во ,

Жежок состанок во Брисел: ЕУ бара чаре за кинеската блокада на ретки минерали

Трговските односи на Европската Унија со САД и со Кина ќе бидат главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ на ниво на министри задолжени за трговија што се одржува во Брисел.

Состанокот ќе започне со дебата за актуелната состојба и перспективите на односите меѓу ЕУ и САД, во светлина на билатералниот трговски договор од август 2025 година. На европските министри на работен ручек ќе им се придружат и американскиот секретар за трговија Хауард Лутник и трговскиот претставник Џејмисон Грир.

Аларм за ретките минерали од Кина

Супер Попуст -25%

Министрите ќе разменат мислења и за односите со Кина, особено по најавата на кинеските власти за нови ограничувања или суспензии на извозот на ретки минерали, што претставува сериозен предизвик за европската индустрија.

Нови царини за Русија и Белорусија?

Дополнително, група земји предводена од Германија, Полска и балтичките држави ќе презентира предлози за воведување дополнителни царини за производи увезени од Русија и Белорусија. На маса ќе бидат и договорите со други партнери, како Индија.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Русија и Кина го менуваат светот: Инвестиција „тешка“ 200 милијарди долари!

Хаос на небото над Вилнус: Шверцерски балони од Белорусија го затворија аеродромот!