во ,

Жештината не попушта: Македонија оди кон температури до 37 степени

Летната жештина не попушта – пред Македонија се уште неколку сончеви и многу топли денови, а температурите ќе се искачат до 37 степени.

По топлиот викенд, во Македонија продолжува периодот на стабилно, сончево и многу топло време. Во наредните денови максималните дневни температури на места ќе достигнуваат и до 37 степени.

Супер Попуст -25%

Денеска во поголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево време со слаб до умерен ветер. Утринските температури ќе се движат од 17 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат околу 35 степени.

Жолто предупредување за Вардарскиот регион

Поради високите температури, за Вардарскиот регион е активно жолто предупредување.

Уште потопло се очекува во вторник. Максималната температура на места може да се искачи до 37 степени, а слични временски услови се најавуваат и за среда.

Жештината продолжува и во првата половина од неделата

Поради високите температури се препорачува внимателност при подолг престој на отворено, особено во најтоплиот дел од денот кога сончевото зрачење е најсилно.

Според прогнозата, засега нема најава за позначително заладување, па периодот на високи летни температури ќе продолжи и во првата половина од неделата.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДРАМА ВО СОСЕДСТВОТО: Мистериозен дрон експлодираше на чекор од бугарскиот гасовод!

Дневен хороскоп за 10 август: Ракот со главоболки, Лавот на работ на кавга