во ,

Замина легендата: Загина Винс Зампела, човекот што го создаде „Call of Duty“

Гејминг светот во црно: Загина творецот на „Call of Duty“ во страшна несреќа со Ферари

Легендарниот Винс Зампела (55), една од највлијателните фигури во индустријата за видео игри, трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа северно од Лос Анџелес. Неговото Ferrari 296 GTS при голема брзина удрило во бетонска бариера по излегување од тунел и веднаш се запалило. Во несреќата загинал и сопатникот, а очевидците сведочат за вознемирувачки сцени на автомобил целосно зафатен од пламен.

Таткото на модерните пукачки игри

Супер Попуст -25%

Зампела остава длабока трага како ко-основач на студијата Infinity Ward и Respawn Entertainment. Тој беше клучниот ум зад глобалните феномени како „Call of Duty“, „Titanfall“, „Apex Legends“ и „Star Wars Jedi“. Компанијата Electronic Arts (EA) изрази длабоко жалење, нарекувајќи ја неговата смрт „незамислива загуба“ за целата гејмерска заедница која денес се простува од својот визионер.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Земјата се отвори кај Мегленци: Патот Новаци – Маково веќе не постои

Украинците се повлекоа од Северск: „Моравме да бираме меѓу животите на војниците и урнатините“