во ,

Западен Балкан на чекор до укинување на роамингот во ЕУ

Европската комисија најави отворање преговори со шесте земји од Западен Балкан за приклучување кон роаминг зоната на ЕУ

Брисел ќе побара одобрение од Европскиот совет за започнување билатерални разговори со Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Целта е постепено укинување на дополнителните трошоци за роаминг при патување во земјите членки на Европската Унија.

Супер Попуст -25%

Во рамки на роаминг зоната на ЕУ, граѓаните можат да користат мобилен интернет, да упатуваат повици и да испраќаат пораки без дополнителен надомест додека престојуваат во друга земја членка. На 1 јануари 2026 година, кон зоната се приклучија и Украина и Молдавија.

Долг пат до целосна интеграција

Од Европската комисија посочуваат дека процесот нема да биде краток. Секоја земја од Западен Балкан ќе мора целосно да ги усогласи своите регулативи со правилата на ЕУ за роаминг. Преговорите ќе се водат поединечно со секоја држава.

За разлика од системот во ЕУ, каде дополнителните трошоци се укинати, во роаминг зоната на Западен Балкан сè уште постои ограничување од 18 евра по гигабајт за интернет сообраќај.

Доброволни договори меѓу операторите

Одредени телекомуникациски оператори од ЕУ и Западен Балкан веќе склучија доброволни договори за намалување на тарифите, но тие остануваат необврзувачки и важат само за ограничен број компании.

Потенцијалното приклучување кон европската роаминг зона би значело значително олеснување за граѓаните од регионот, како и уште еден чекор кон поблиска интеграција со Европската Унија.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Груби изведен пред судија по распитот во Обвинителство

Историски пад за норвешката монархија: Скандалите ја намалија довербата