во ,

Груби изведен пред судија по распитот во Обвинителство

Заврши распитот на Артан Груби, вечерва изведен пред судија на претходна постапка

Поранешниот вицепремиер Артан Груби вечерва беше спроведен во Кривичниот суд по завршувањето на распитот во Обвинителството, каде ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Супер Попуст -25%

Груби, кој е осомничен за проневера во предметот „Државна лотарија“, претходно денеска беше уапсен на граничниот премин „Блаце“. По приведувањето, тој беше сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, а потоа спроведен на распит.

Осомничен за милионска проневера

Заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, Груби се сомничи за криминал тежок околу осум милиони евра поврзан со нарачка на ВЛТ-апарати.

За него претходно беше распишана меѓународна потерница, а судот му одреди 30-дневен притвор во отсуство.

Истрагата завршена, се чекала екстрадицијата

Според поранешниот државен јавен обвинител, истрагата за „Државна лотарија“ е веќе завршена, а институциите ја чекале екстрадицијата на Груби за продолжување на постапката.

Одлуката на судијата за понатамошниот притвор се очекува во текот на вечерта.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стразбур бара одговори за „Труст“

Западен Балкан на чекор до укинување на роамингот во ЕУ