во ,

Застрашувачки снимки од болница: Линдзи Вон има над 20 завртки во ногата по бруталниот пад на Олимпијадата

Американската скијачка икона Линдзи Вон ја шокираше светската јавност објавувајќи застрашувачки рендгенски снимки од нејзината нога, по бруталниот пад на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина кој најверојатно означува крај на нејзината легендарна кариера.

Само 13 секунди по стартот на олимпискиот спуст пред 12 дена, 41-годишната ѕвезда доживеа тежок пад проследен со крици од болка. По итна евакуација со хеликоптер, таа помина низ четири операции, од кои последната траела исцрпувачки шест часа.

Нога составена со над 20 завртки и плочки

Супер Попуст -25%

Вон, која сега закрепнува во болница во САД, покажа дека нејзината нога буквално е споена со метал. На снимките јасно се гледаат најмалку 20 плочки и завртки, вградени за да се санира комплексната фрактура.

„Беа потребни многу плочи и завртки за да се состави сè повторно. Закрепнувањето од операцијата е малку потешко и сè уште не сум излегла од болница, но одам чекор по чекор“, изјави Вон, заблагодарувајќи му се на д-р Хакет за спасувањето на ногата.

Херојство кое заврши трагично

Трагедијата е уште поголема бидејќи легендарната Американка настапи на Игрите со скинат преден вкрстен лигамент, повреда заработена само една недела претходно во Кран Монтана. И покрај тоа, нејзиното срце на шампион со 20 кристални глобуси и олимписки медали ја натера да ризикува сè, потег кој заврши со морничава повреда и веројатно дефинитивно збогување со белиот спорт.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Падна митот за Дубаи: Со лисици на рацете донесен првиот екстрадиран бегалец во Македонија

Ужас на градилиште во Петровец: Метален профил падна од висина и усмрти 23-годишно момче