
За само шест часа, Македонија покажа што значи заедништво: собрани се 3,1 милиони денари и кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева е официјално затворена.
Веста ја објави доктор Ненад Лазаров, посочувајќи дека станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период. Со собраните средства целосно се обезбедува потребното за хируршка интервенција и лекување во странство, а семејството добива барем финансиско олеснување во најтешките денови.
Редок и агресивен тумор, времето беше најголемиот непријател
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Кај Ана е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите со зафатена орбита, а дијагнозата е потврдена во Хрватска. Поради сложеноста на случајот се бара специјализиран хирург за деликатна операција, при што секој ден значеше многу, па кампањата беше означена како најитна досега.
„Цела држава стана за тебе“, поддршката продолжува
Масовниот одѕив за неколку часа испрати силна порака дека кога станува збор за живот на дете, луѓето знаат да се сплотат без калкулации. „Секоја среќа ти посакуваме, Ана. Цела држава стана за тебе“, порача Лазаров, додавајќи дека поддршката за девојчето и нејзините родители ќе продолжи и понатаму.


