
ЕУ подготвува „дигитален голем брат“: Оваа среда тајно се гласа за читање на вашите приватни пораки
Европската Унија е на чекор до усвојување на една од најконтроверзните одлуки во својата историја. Оваа среда, зад затворени врати и без јавна расправа, амбасадорите на земјите-членки ќе гласаат за предлогот познат како „Chat Control“. Под превезот на „заштита на децата“, овој закон ќе ги принуди платформите (како WhatsApp, Messenger, Viber) да воведат „мерки за намалување на ризикот“, што во пракса значи масовно скенирање на секоја ваша приватна порака, фотографија и имејл од страна на вештачка интелигенција.
Signal се закани со повлекување, крај за анонимноста
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Откако Германија го повлече своето противење, патот за законот е отворен. Апликацијата Signal, позната по својата безбедност, веќе се закани дека ќе го напушти европскиот пазар ако ова стапи на сила, бидејќи тоа значи крај на енкрипцијата. Експертите предупредуваат дека алгоритмите ќе прават грешки (во Германија дури 50% од пријавите се лажни), што значи дека невини луѓе ќе бидат предмет на истрага. Дополнително, се планира задолжителна идентификација со лична карта за отворање на профили, што е крај на анонимноста, како и „дигитален притвор“ за помладите од 16 години, на кои ќе им биде забранет пристап до чет-апликации.


