во ,

Здравство без хартија: Како дигитализацијата ќе го спаси медицинскиот кадар од бирократија?

Алиу од Рига: Малите земји имаат капацитет да станат лидери во дигитализацијата на здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу, ја претставува државата на 12-тиот состанок на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација (СЗО) во Рига, Латвија. Дводневниот самит е посветен на клучните предизвици во европското здравство – миграцијата на кадарот, стареењето на населението и ограничените ресурси. Министерот Алиу во своето обраќање истакна дека малите држави не секогаш ги имаат најголемите ресурси, но можат да понудат најбрза адаптација. Целта е да се изгради систем кој ќе го намали административниот товар и ќе им остави на лекарите повеќе време за пациентите.

Дигиталното здравство не е само техничка модернизација

Супер Попуст -25%

Во рамки на сесијата за оптимизација на здравствената работна сила, министерот ја презентираше Националната стратегија за дигитално здравство 2026–2030. Тој потенцираше дека дигитализацијата претставува инструмент за многу подобра организација на патот на пациентот. Како конкретни чекори се наведени дигитализираните патеки на лекување, приоритетното упатување и развојот на мултидисциплинарни тимови. Кога податоците го следат пациентот, лекарот има целосна слика, а услугата станува побрза и побезбедна.

Вештачката интелигенција не смее да ја замени човечката одговорност

Еден од новитетите што ги воведува Министерството е пилот-проектот за теледерматологија, кој треба да ги доближи специјалистичките услуги до граѓаните во руралните средини. На панелот посветен на новите технологии, Алиу говореше и за улогата на вештачката интелигенција во медицината. Тој порача дека преминот кон податочно водена здравствена архитектура е неопходен за модернизација на системот. Вештачката интелигенција може да биде силна поддршка за лекарите, но никогаш не смее да стане замена за нивната одговорност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бесплатен роаминг за Балканот: Урсула фон дер Лајен со одлични вести од самитот во Тиват!

Пентагон фатен во лага: Си-Ен-Ен објави снимки од пеколот на најголемиот американски носач на авиони!