во ,

Иванка Трамп купила албански остров за милијарда долари!

Иванка Трамп и Џаред Кушнер го купиле албанскиот остров Сазан за над милијарда долари

Според италијанските медиуми, кои цитираат извештај на „Гардијан“, Иванка Трамп и Џаред Кушнер, ќерката и зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го купиле албанскиот остров Сазан за над 1,4 милијарди евра. Двојката, која претходниот месец беше на одмор во Албанија, планира да го претвори островот во луксузно одморалиште.

Островот Сазан, кој е дел од Националниот морски парк Карабурун – Сазан, е познат по својата природна убавина и богатата историја како поранешна воена база. За време на комунизмот, островот бил користен за воени вежби. Денес, тој е преполн со остатоци од бункери и тунели. Главна пречка за реализација на проектот е отстранувањето на неексплодираните мини и воениот отпад.

Супер Летен Попуст

Разговорите за купување на островот се воделе без знаење на албанските граѓани и пратеници. Според извештаите, договорот е постигнат и објавен во јавноста дури откако бил комплетиран.

Загриженост кај еколошките групи и поддршка од Доналд Трамп

Идејата за претворање на островот во луксузно одморалиште предизвика загриженост кај еколошките и научните групи. Тие стравуваат за влијанието на проектот врз природната и културната средина. И покрај тоа, Албанците веќе почнаа да го нарекуваат островот „Остров Трамп“.

Поранешниот претседател Доналд Трамп изрази одушевување за иницијативата, нарекувајќи ја „извонредна“. Сепак, тој нагласи дека најголемиот предизвик е чистењето на теренот и обезбедувањето на сигурност за идните посетители. Групацијата „Афинити“, која ги водела преговорите, планирала и сличен проект во Србија.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДРАМА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Пожар уништи глисер, па потона, оштетени уште пловила!

Повторно се буди Етна: Погледнете како лава избива од нова пукнатина!