во , ,

Има 46 години и тело од кое ќе ви падне вилицата: Поранешниот фудбалер на Реал има фасцинантни мускули

Некогашниот играч на Реал Мадрид, Бразилецот Зе Роберто, ја заврши фудбалската кариера пред 3 години, но сè уште е во фантастична форма.

46-годишниот Роберто го заменил фудбалот со бодибилдинг и до фанатизам му е посветен на фитнесот. Тој го одржува своето тело во форма со редовни вежби, а резултатот од сето тоа е очигледен: извајано мускулесто тело со кое не можат да се пофалат ни многу активни спортисти, а камоли луѓе во втората половина од петтата деценија.

Зе Роберто играше на позиција лев бек и заден везист. Во Реал Мадрид пристигна во 1997 година, но веќе една година подоцна се врати во Бразил, каде кратко беше член на Фламенго.

Неговата приказна во Германија започна во Леверкузен, каде 4 години играше за Бајер, за во 2002 година да стане дел од Баерн Минхен. Тој се враќаше во Бразил, играше за Сантос, а потоа повторно носеше дрес од Баварците од кои се опрости во 2009 година, кога го зајакна тимот на Хамбургер.

Потоа остави длабока трага во Гремио и Палмеирас во кој ја заврши кариерата во 2017 година.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нетфликс за првпат во својата историја ги објави најгледаните оригинални филмови

6 Најлуксузни и најскапи јахти кои моментално крстарат по Јадранско море