во ,

6 Најлуксузни и најскапи јахти кои моментално крстарат по Јадранско море

Луксузот во кој што уживаат мултимилијардерите на јахтите кои што крстарат на Јадранот тешко е да се замисли, а сумата која што ја трошат за истите ”тежи” милиони.

Ќе ви претставиме некои од најатрактивните јахти кои што го одземаат здивот, а со кои што Јадранот го обиколуваат светските ѕвезди и милијардери.

„Flying fox“ е најголемата јахта на светот достапна за чартер, а доколку одлучите седум дена да пловите во голем стил, тогаш подгответе 3 и пол милиони евра.

Реклама

Таа е долга 136 метри и се доведува во врска со милијардерот Џеф Безос, а може да собере околу 25 гости кои што ги послужуваат 54 членови на посадата. Со еден збор – луксуз на квадрат.

Како што знаеме деновите во Хрватска ги поминува и еден од најголемите милијардери и крал на социјалната мрежа Инстаграм – Дан Билзериан.

Тој ужива на јахтата „Silver Angel“, а за нејзините 15 гости се грижат 19 членови од посадата. Џакузи, теретана, базен…

По Јадранот оваа недела пловела и суперлуксузната јахта „Ulysses“.

Таа е долга 116 метри, а нејзината вредност се проценува на 250 милиони долари.

Нејзин сопственик е Холанѓанецот Граем Ричард Харт.

Таа има простор за 66 гости, поседува хелидром и многу луксуз, а за секој случај поседува и дополнителна 21-метарска јахта „Princess“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Има 46 години и тело од кое ќе ви падне вилицата: Поранешниот фудбалер на Реал има фасцинантни мускули

Македонец требало да скока со падобран пред комисија, ама многу се плашел…