во ,

Инцидент во Банско: 65-годишник пукал со воздушна пушка и ранил дете во ногата!

65-годишен жител на струмичкото село Банско е лишен од слобода откако со воздушна пушка пукал кон малолетник и го ранил.

Инцидентот се случил на 27 ноември околу 20:30 часот во близина на домот на осомничениот Б.М. (65). Според полицискиот извештај, тој пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата.

Детето завршило во болница, оружјето е одземено

Супер Попуст -25%

Повредениот малолетник веднаш бил пренесен во Општата болница во Струмица за укажување медицинска помош. Полициските службеници од СВР Струмица го пронашле и го одзеле оружјето, а сторителот е задржан во полициска станица. За случајот е известен Јавен обвинител и ќе биде поднесена соодветна пријава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Трет протокол“ за спас на преговорите: Муртезани најави нов обид за помирување со Софија

„Силјан“ слета во Њујорк: Вечерва американска премиера на новиот филм на Тамара Котевска!