
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани најави нов обид за надминување на спорот со Бугарија преку т.н. „трет можен протокол“, чија цел е враќање на изгубената доверба меѓу Скопје и Софија.
Иако Муртезани потврди дека уставните измени се преземена обврска која мора да се исполни, тој инсистира дека паралелно мора да се работи на враќање на дијалогот. Шведската амбасадорка Јесика Розенкранц ја охрабри земјава да ги исполни условите, истакнувајќи дека добриот дијалог со соседите е најдобриот рецепт за успех и потврдувајќи ја шведската поддршка на реформскиот пат.
Гаранции од Брисел и оптимизам од САД
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати охрабрувачка порака дека по промената на Уставот „нема да има дополнителни услови за земјата“. Во меѓувреме, амбасадорката на САД, Ангела Агелер, изрази уверување дека веќе се работи на уставните измени, додека известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц, порача дека ЕУ, заедно со Скопје и Софија, мора да најдат сила за конечно решение.


