
„Унгарија ги чувствува сите последици од украинскиот конфликт, вклучувајќи и значителни економски загуби“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на посетата на Москва.
Орбан нагласи дека целта на неговата посета е да се обезбеди стабилно снабдување со руска нафта и гас, истакнувајќи дека за време на неговата неодамнешна посета на Вашингтон успеал да издејствува укинување на американските санкции за енергенсите што пристигнуваат преку гасоводот. Според него, руските резерви ѝ обезбедуваат на Унгарија најниски цени на енергија во Европа.
Цената на независноста: 10 милијарди долари
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Шефот на кабинетот на Орбан, Гергељ Гуљас, предупреди дека отфрлањето на рускиот гас би ја чинело Унгарија приближно десет милијарди долари и би предизвикало пад на БДП од над четири проценти. Орбан во Кремљ изрази надеж дека новите меѓународни иницијативи ќе доведат до мир.
Путин: „Настаните од Купјанск ќе се повторат“
Владимир Путин истакна дека американскиот мировен план може да послужи како основа, но се сомнева дека Вашингтон може да го убеди Киев. Тој упати закана дека доколку Украина ги отфрли предлозите, „настаните што се случија во Купјанск неизбежно ќе се повторат во други клучни области на фронтот“.

